Јутубер употреби ѓубре за да направи кавер на популарната песна „Dance Monkey“

Ден Мејс е наградуван режисер и Јутубер кој е познат по тоа што користи метод за прикажување на изворот на звукот на екранот – како дел од неговите филмови. Песната „Dance Monkey“ го освои и зарази светот, па така го привлече и вниманието на Ден.

Сепак тој има поинакви намери со песната, па така решил да си направи своја верзија со „инстументи“ кои всушност се обични шишиња.