10 кратки вицови и афоризми за љубителите на црн хумор во црни времиња
Вака живееме во годината на стравот:
1. Си седиме дома како скриени во дупки.
2. Си носиме храна во дупките и си јадеме само таму.
3. Штом видиме човек – се криеме.
– – – – – – –
Замислете си морате да одите на забар и конечно собирате храброст да отидете и тој ви вели:
– Ќе ви ставам коронка.
– – – – – – –
CoVid-19 е како роговите кај мажот. Може да ги имаш, ама да не знаеш.
– – – – – – –
Нова мерка на Владата на РМ:
На секој маж кој ќе преживее карантин со жената, времето му се признава како бенефициран стаж за пензија.
– – – – – – –
Во врска со затворањето на факултетите, спремен сум да преземам грижа за 2-3 студентки.
– – – – – – –
Драги татковци! Значи кога учителката ќе ви напише порака на Вибер „сликајте го“, мисли на домашното на детето!
– – – – – – –
– Комши, какво е тоа тропање и трескање горе кај вас?!
– Детето има физичко онлајн!
– – – – – – –
Карантин – тоа е кога секоја вечер треба да убедуваш една иста жена.
– – – – – – –
Конечно да пиеш сам е социјално прифатливо.
– – – – – – –
Порано чекавме да дојде викенд, сега чекаме да се вратиме на работа…