10 кратки вицови и афоризми за брзо поткревање на расположението
Во кафичите ќе може да се седи само со членовите на семејството.
Супер, да се покараме малку и пред луѓето…
– – – – – –
– Душо, сакам да сме заедно доживотно!
– До кое животно?
– – – – – –
– Сине, што правиш таму зад грмушките?
– Ја чукам Ленчето.
– А, убаво! Мислев да не си се скрил да пушиш цигари?
– – – – – –
Мајката кон детето:
– Сине, донеси ми мамичка десет чинии, зошто сакам да го прашам нешто татко ти!
– – – – – –
– Мила, те сакам со сите твои мани!
– Какви мани бе, тиквар!
– – – – – –
– Не можеме да испратиме космонаути на сонцето, г-н Трамп, ќе изгорат!
– Ќе ги испратиме ноќе.
– – – – – –
Стоиш исправен – проширени вени. Седнеш – хемороиди. Се вљубуваш – инфаркт… Па си велам да си полегнам малку…
– – – – – –
58 дена без кафана! Останав до 18:00 ч. во Тинекс, само и само, да ме исфрлат од некаде…
– – – – – –
Едноминутно молчење за сите кои што си останаа дома, но отидоа од М на XL.
– – – – – –
Баба ви може да не знае што е тоа Фејсбук и интернет, но вие нема да знаете што е тоа пензија!