10 работи од различни земји кои што ги оставаат странците со подзината уста
Низ целиот свет, луѓето имаат свои начини за правење на одредени работи. Значи, не изненадува што одредени работи на кои нормално не обрнувате внимание, дури и едноставни работи што ги правите кога одите во ресторан или одите на шопинг, всушност би можеле да се сметаат за навредливи или чудни на некое друго место.
А пак некои работи кои се навредливи кај нас, како на пример испуштање гасови во јавност се сметаат за љубезни или нормални во друга земја.
1. Бакшиш
Во многу европски земји, такса за услуга веќе е додадена на вашата сметка, но понекогаш се очекува и дополнителен бакшиш. Во некои азиски земји, како Јужна Кореја, Кина или Јапонија, бакшишот не е вообичаен, па дури и може да се смета за навреда. Во земјите на Океанија, како Австралија, Нов Зеланд и Самоа, бакшишот не се очекува и не се бара. Во некои казина бакшишот е забранет.
2. Споделување на маси
Во Јапонија е нормално неколку непознати да седат на иста маса во прометните ресторани со цел сите луѓе да си ја добијат својата храна.
3. Бакнување во образ
Во земјите од Латинска Америка честопати се поздравуваат во образ две жени или ак личности од спротивен пол. Бакнување во образ со машки пријател се смета за несоодветно. Во некои земји од Блискиот исток или Северна Африка, како Израел и Египет, мажот кој се бакнува со машки пријател е вообичаен поздрав, но мажот и жената што се бакнуваат во јавноста, честопати се сметаат за нешто лошо па дури и незаконско. Постојат некои исклучоци, како Либан и Тунис, кога мажот што се бакнува со пријателка се смета за „братски чин“.
4. Личен простор
На Запад, давањето личен простор на луѓето е неизговорено правило и многу е несоодветно да се приближите за нечија удобност, особено некој со спротивен пол. Во некои земји, особено во оние со големо население како Кина, личниот простор се смета за луксуз и луѓето што се собираат во големи групи се сметаат за норма.
5. Пазарење
На Запад, ако одите во супермаркет, генерално треба да ја платите доделената цена за некој предмет. Единствениот начин да ја намалите цената е ако имате купон или картичка за попуст. Сепак, договарањето за цената на производот се смета за многу понормално во земји како Кина, Турција, Иран и Египет.
6. Чистење на чинијата
Во Кина, јадењето на целата храна што ви е понудена се смета за знак дека сè уште сте гладни и дека вашиот домаќин не ви дал доволно. Во Индија и Јапонија, сепак, не завршувањето на чинијата се смета за навреда на домаќинот, затоа што изгледа дека не ви се допаѓа храната.
7. Соблекување
На некои места како на пример Сингапур голотијата е нелегална и забранета до тој степен што има случаи кога луѓето можат да бидат уапсени затоа што се голи во своите домови.
Некои земји се малку поопуштени во врска со ова. Унгарија е позната по својата култура за капење и земјата е исполнета со бањи. Не само што менувањето на облеката во јавноста се смета за нормално, земјата дури има и бањи што им забрануваат на патроните да носат костуми за капење, бидејќи се смета дека го попречуваат доброто што ќе го направи бањата.
8. Размена на прибор
Некои земји, како Северна и Јужна Кореја, имаат своевидна култура за споделување. Кога станува збор за јадење со пријателите, честопати има големо јадење што го делат сите на трпезата, а луѓето дури можат да користат ист прибор.
9. Викање
Во Кина, викањето во јавност е сосема нормално. На пример, кога излегувате да јадете, викањето по келнерот се смета за совршено прифатлив начин да го привлечете нивното внимание.
10. Разгаленост
На запад е необично жена да се однеусува како мало дете во јавнст за да го добие она што го сака. Во Кина тоа е сосема друга уметничка форма, каде што е вообичаено да се види возрасни жени како се донесуваат како мали деца и да бараат нешто. Дури жените кои не го прават ова често се сметаат дека не се доволно женствени.