7 параметри со кои стјуардесите незабележливо ве оценуваат кога се качувате во авионот
Профилирање – составување и оценување на психолошки портрет на патник на лет не завршува на пасошката контрола. Откако ќе поминете низ безбедносната служба, се качувате во авионот, каде што најинтересно само што почнува.
Убавите насмеани стјуардеси се всушност скенери кои можат да разликуваат добро момче од хулиган за само неколку секунди. Еве што имаат должност да забележат стјуардесите кај патниците.
1. Стјуардесата ќе ви обрне внимание доколку не ја поздравите
Ако ви е тешко дури и да кажете „здраво“ стјуардесата ќе знае дека не треба да ви се обрати во вонредна ситуација. Ова е токму она што стјуардесата ќе помисли и ќе биде исправно, затоа што возвратниот поздрав покажува пријателски намери и отсуство на непријателство, а таквата личност ќе стане одличен асистент по повод.
2. Не ја гледате во очи
Најчесто луѓето кои имаат нешто да сокријат не остваруваат контакт со очите, вака размислуваат и стјуардесите, но се свесни дека можеби сте едноставно срамежлива личност.
3. Ако имате бледо лице и црвен нос
Пред да се качат на авион во случај на сомнителна болест, вработените во аеродромот можат да побараат од патникот да достави потврда од лекар дека болеста не е заразна. За стјуардеса, ова е главоболка, затоа што таа ќе мора да посвети посебно внимание на таков патник, учтиво да се интересира за неговата здравствена состојба и доколку е потребно, да побара ново место за него – далеку од здравите патници на летот.
4. Ако имате летоци или брошури во вашите раце
Можеби, веднаш штом авионот ќе добие надморска височина, вие агресивно ќе агитирате за светски мир, алармирајќи ги останатите патници? Главната задача на стјуардеса е летот да го направи безбеден и удобен. Затоа, возбудените патници кои брзаат да ја споделат својата мудрост и откритија со останатите, се вистински кошмар во реалноста.
5. Ако многу зборувате, поставувате прашања и давате гласни одговори
Причина за загриженост ќе биде преголемата брзина на говорот или, обратно, забавеното темпо. Вака се однесуваат напаѓачите кои се обидуваат да ги сокријат своите намери. Ова не значи дека некој ќе ве исфрли веднаш од летот, но ќе ве набљудуваат.
6. Имате атлетско тело
Ако стјуардесата со насмевка ги гледа вашите бицепси, таа не го прави тоа затоа што се вљубила во вас, туку затоа што гледа соодветен асистент доколку дојде до таква потреба.
7. Ако се обидувате да го сокриете вашето лице
Шешир, очила за сонце, капи, качулки и други претерани покривања ужуваат дека нешто не е во ред, заедно со напнатост на мускулите на лицето, кашлање, вкочанетост во движења, кивање и тресење на главата, чести промени во држење на телото. Можеби ова лице се обидува да сокрие нешто, можеби едноставно е под стрес поради летот, сепак стјуардесите треба да ги имаат ваквите луѓе под око.