Алекс Стемплевски станал познат фотограф така што им правел фотосесии на непознати луѓе по улиците

Алекс Стемплевски одлучил да стане познат не со фотографирање на модели и инфлуенсерки туку да се свижи по улиците запознавајќи секаков тип на луѓе и нудејќи им можност да станат модели барем на кратко. Тој вели дека до идејата дошол откако ја купил својата прва камера.

Тој само што се преселил во Сан Франциско и не познавал ниту еден модел на кој би можел да ја спроба камерата. Така се одлучил на „уличните модели“ и неговата идеја била одлично прифатена. Ваквото спонтано фотографирање му станало ритуал и благодарение на него има 8 милиони следбеници на Инстаграм и секој би сакал да налета на него на улица.