Американските домородци испратија помош од 170 долари во Ирска во 1845 година, а денес тие им вратија со милиони

Велат дека луѓето никогаш не ја забораваат добрината и дарежливоста, особено ако станува збор во време кога никој не очекувал. Овој пат поминаа 173 години и луѓето решија дека ова е вистинскиот момент кога треба да се врати услугата.

Голем број на Ирци започнаа великодушно да даруваат на Фондот за помош на семејства Навахо и Хопи КОВИД-19 на GoFundMe. Многу донации дојдоа со коментари како „Ние никогаш нема да ја заборавиме вашата љубезност“, „Од Ирска со љубов“ и „Враќање на љубезноста и добрината кои ни се прикажани за време на гладот“. За подобро да разберете зошто е ова вака и зошто заедниците сега имаат скоро 3 милиони долари во донации треба да се вратиме назад во минатото.

Пред 175 години, Ирска се најде во тешка состојба што деновиве се нарекува Голема ирска глад (понекогаш ирската компирска глад). Тоа беше период на глад и болест што траеше 4 години, што доведе до смрт од околу 1 милион, масовна емиграција и промена во политичкиот и културниот пејзаж на земјата.

За тоа време, едно домородно племе од денешните територии на Југоисточни САД слушнало за овие проблеми и одлучило да им помогне на своите пријатели преку Атлантикот. Откако поминале низ слични настани само 16 години пред тоа, што ги нарекуваат Патека на солзите, тие собрале 170 долари и им ги испратиле на гладниот ирски народ.

Сега пред да кажете дека 170 долари е смешна сума, треба да знаете дека со прилагодување на инфлацијата тогаш оваа вредност била еквивалент на 5.000 долари, а со други методи на пресметка би можеле да бидат и 20.000 долари. Дури и покрај парите, ова се сметал за прекрасен гест на солидарност.

173 години подоцна, денес две други домородни заедници, Навахо и Хопи, се соочуваат со тешкотии. Локалитетите на овие нации се пустини, при што самите заедници имаат голем број на стари лица, дијабетичари, астматични жители и заболени од карцином. Значи, кога се појави COVID-19 ситуацијата стана полоша.

Многу Ирци го промовираат прибирањето на финансиски средства, а веќе се соберени 2,9 МИЛИОНИ долари за домородните заедници, Навахо и Хопи.