„Барбика“ од реалниот живот вели дека е „премногу згодна за да работи“, откако потрошила 90.000 евра на пластична хирургија
Една жена која потрошила скоро 90.000 евра на пластична хирургија вели дека не може да си најде „обична работа“ затоа што мажите не знаат како да се однесуваат околу „згодна девојка“ како што е таа.
Моделот Барбара Луна Сипос од Будимпешта, Унгарија, сонувала да изгледа ккао куклата Барби уште кога била дете. Таа се надевала дека еден ден ќе стане Барби од реалниот живот.

22-годишната девојка била подложена на првата операција, зголемување на градите, кога имала само 17 години и оттогаш не погледнала назад; во следните години, таа претрпела вкупно 10 операции. И додека таа вели дека никогаш не се чувствувала грда, сега е многу посреќна отколку што била пред нејзините повеќекратни операции, бидејќи рече дека претходно не чувствувала задоволство од нејзиниот изглед.

Среќа за Барбара, нејзиниот поранешен сопруг – кого го запознала во август 2016 година – го сакал изгледот на куклата толку многу што ги платил „скоро сите“ нејзини козметички операции, трошејќи скоро 90.000 евра на неа.

Освен две зголемувања на гради, таа направила две процедури на ринопластика, намалување на брадата и вилицата, операција на челото, лифт на веѓи, лифт на усни, третмани за полнење на усните, бразилски задник и операција за добивање на „Барби вагина“.


Барбара која сега работи како онлајн модел вели: „На петнаесетгодишна возраст, почнав да работам како асистент во агенција за недвижности но сите мои шефови, па дури и клиентите се обидоа да бидат сексуални со мене иако тогаш никогаш не се однесував или облекував како ‘проститутка’. Мојата аура и харизма ги полудуваше. Така, сфатив дека овој вид на работа не е за мене затоа што живеам во општество во кое многу атрактивна жена нема многу опции да ја задржи својата работа или да добие повисока позиција без да им дава се*с на мажите – што не сакав. Тоа е затоа што ние сè уште живееме во патријархално општество, сакале или не. Јас сум за феминизам, но многу женствени девојки како мене не треба да се занимаваат со мажи на работното место. Мажите се водени од нивната сексуалност и тешко им е да бидат околу згодна девојка.“
