Бодибилдерот бил малтретиран за „синдром на мал човек“ и се чувствувал мал, иако бил „голем како куќа“
Бодибилдер кој страдал од т.н. „синдром на мал човек“ се отвори за животот со телесна диморфија. И покрај тоа што е успешен бодибилдер и личен тренер, Реј Ветерлунд III се борел со својот изглед откако со години бил малтретиран од поголеми момци во текот на својата младост.
36-годишникот вели дека бил задеван затоа што бил „неразвиен“ и помал што го натерало да посвети години „да порасне колку што може“.
Благодарение на неговиот труд тој се натпреварувал на многу натпревари за бодибилдинг и станал елитен личен тренер во родниот град Сан Диего. Но, неговото патување било проследено со голема болка по патот. „Синдромот на мал човек“ кој го имал Реј најмногу се почувствувал кога бил во средно училиште и кога играл американски фудбал.
Како и да е фит тело не било доволно за Реј, кој всушност е висок 182см, бидејќи неговата вистинска битка со која требал да се избори всушност била телесна дисморфија. „Носев облека два броја помала или барав облека која ќе истакне колку сум голем. Се чувствував мало дури и кога бев голем како куќа. Една од најголемите пречки ми беше да се споредувам со другите и секогаш да сакам повеќе.“, вели тој.
Сепак Реј додава дека преку натпреварите за бодибилдинг научил да не се споредува со другите и да „води своја трка“. Тој вели дека се споредувал со „неприродните билдери“ затоа што тој вежбал 10 пати повеќе и се прашувал зошто не изгледа огромно како нив.
Реј сега е среќен со своето тело и иако повеќе не се натпреварува го одржува своето тело како тренер. Тој вели дека кога билдерите го напуштаат бодибилдингот лесно се здебелуваат, но тој одлучил да има здраво тело иако вели дека понекогаш знае „да измами“ со нездрав оброк еднаш неделно.
