Болничкиот персонал во Њујорк доби бесплатен одмор како награда за борбата со вирусот во епицентарот на пандемијата
Во САД, има повеќе од 1,3 милиони потврдени случаи на вирусот, со повеќе од 79.000 смртни случаи. Само во Њјорк имало повеќе од 184.000 случаи, при што здравствените работници секој ден се борат да спасат животи.
Препознавајќи ја „вонредната грижа“, на тим од 4.000 лекари, доктори, асистенти и медицински сестри кои им ја даваат на заедницата, „Американ ерлајнс“ и „Хајат Хотели“ се здружија да обезбедат „три ноќни бесплатни одмори“ за да им помогнат да си ги наполнат батериите и повторно да се поврзат со нивните најблиски.
„Почестените гости“ ќе бидат носени на патувањата со посебни летови и ќе можат да изберат дестинации низ САД или Карибите.
Марк Хопламазијан, претседател и извршен директор на Хајат, рече дека компанијата смета дека е на ред да се грижи здравствените работници „како за членови на нашето семејство“.
Хајат додаде: „Ние сме почестени од посветеноста на здравствените работници за спасување животи … со нетрпение очекуваме да ги направиме нивните престои посебни кога ќе можат да ја направат тешко заработената пауза“.