Бразилската полиција и БАНДИТЕ заедно ќе се борат против коронавирусот
Очигледно овие кризни моменти создаваат необични комбинации, како на пример криминалците и полицајците да имаат иста цел: здравјето на населението. Бразилската полиција се бори против непослушните граѓани кои се собираат на плашите така што со хеликоптерот летаат ниско и создаваат „песочна бура“ која ги брка несовесните луѓе.
Полицијата го управувала леталото над плажата Галета во градот Флоријанополис, фрлајќи песок кон луѓето кои седеле крај морето. Тие потоа дури и го слетале хеликоптерот за лично да им кажат на последните луѓе кои тврдоглаво останале на плажата дека треба да си одат.
Во меѓувреме, бандите на организиран криминал го спроведуваат сопственото блокирање на коронавирусот во Рио со тоа што им наредија на луѓето да го почитуваат полицискиот час. Заканувачките пораки кои кружат во озлогласените фавели во градот предупредуваат дека гангстерите ќе ги научат луѓето да го „почитуваат“ полицискиот час од 20 часот, соопштија бразилските медиуми. Иако владата на Бразил сѐ уште нема наметнато таков.
Еден од гангстерите напишал: „Внимавајте сите жители на Рио дас Педрас, Музема и Тијукиња! Полициски час денес од 20 часот. Кој ќе се види на улица после ова време, ќе научи да го почитува следниот.“, додека втора порака гласи: „Ние го сакаме најдоброто за населението. Ако владата нема капацитет да го реши, организираниот криминал ќе го реши.“
Трите споменати населби се дел од распространетите фавели на Рио, кои се во неповолна положба на нехигиенското домување и сиромашните до непостоечките здравствени услуги. Скоро една четвртина од жителите на Рио, или 1,5 милиони луѓе живеат во преполни колиби со лимени покриви и тесни улици, така што вирусот тука би бил многу лесно распространет.