Човек откри непријатно изненадување во новиот дом кој не го посетил во последните 12 месеци

Еден маж во Кина непријатно се изненади откако по една година реши да го посети имотот кој го купил и да почне да го средува за да се всели. Жанг Јувеи од централната кинеска провинција Хенан решил да почне да го опремува домот една година по изградбата. Сопственикот мислел дека во неговиот дом не се случувало ништо во изминатите 12 месеци, но грешел.

Тој откри огромно осило во просторијата, како виси од таванот и зафаќа голем дел од собата. Жанг веднаш пријавил во локалните служби и тие пристигнале за да се ослободат од осилото. За среќа во моментот немало многу оси затоа што изумреле во зимата, а остале само „кралиците“ кои хибернирале.