Дали би дале 3.300 денари за оваа невозможна сложувалка наречена „Несреќата“?

Бидејќи карантинот се чини дека не е близу до крајот и луѓето почнуваат да се прашуваат дали се веќе неколку месеци, години или децении, можеби е совршено време да го предизвикате вашиот ум. Но, колку далеку сте спремни да одите?

Додека некои се свртуваат кон книги или гледаат филмови и серии, некои почнуваат да учат нови јазици, а некои се враќаат на старите добри сложувалки.

Сепак доколку обичните сложувалки со прекрасни пејсажи не ви се доволно голем предизвик тогаш пробајте ја оваа целосно транспарентна сложувалка која изгледа како скршено стакло.

Оваа рачно направена сложувалка од YellDesign има сосема различни и уникатни 215 парчиња и нејзиното име е „Несреќата“. Сложувалката која чини 59 долари, околу 3.300 денари е карактеристична по тоа што на почетокот изгледа лесно, но како се намалуваат деловите станува потешка за составување.

А доколку ова ви е премногу модерно и сакате традиционална сложувалка, тогаш има и таква составена од 1000 сосема транспарентни парчиња.