Доли Партон сака повторно да биде на насловната на Плејбој за нејзиниот 75-ти роденден
На 75 години, можам да замислам дека повеќето од нас би сакале да бидат среќни во пензија, да си пијат чајче некаде и да се присетуваат на „старите добри времиња“.
Но, не размислуваат сите така. Доли Партон, која очигледно не планира да замине во пензија во скоро време, сака да се види себе повторно на насловната на Плејбој и тоа за нејзиниот 75-ти роденден.
Иконата на кантри музиката за првпат се појави на насловна на Плејбој во 1978 година, кога имала 32 години. Иако носела класичен костум на зајачица, нејзиниот договор имал „многу специфични параметри кои не вклучуваат голотија“, според официјалната веб-страница на Партон.
Сега се чини дека Партон, која неодамна го прослави својот 74-ти роденден, би сакала да ја повтори фотосесијата за наредниот.
„Не планирам да заминам во пензија. Штотуку наполнив 74 години и планирам повторно да бидам на насловната страница на „Плејбој магазин“. Бев на насловната пред многу години и мислам дека би било многу јако ако повторно го направам тоа. Не знам дали би сакале. Би сакала да бидам на насловната повторно кога ќе наполнам 75 години.“, изјавила Доли.
Што мислите вие? Дали Доли ќе биде првата 75-годишна жена која се појавила на насловната на Плејбој?