Една сосема обична вечер заврши прилично морничаво за една жена, која најмалку од сѐ очекуваше ваков гостин во бањата
Замислете си една прилично обична ноќ, вие си лежите си гледате серија или филм и прилично ништо интересно не се случува. Во еден момент сте решиле да одите до бањата и одеднаш пред вас здогледувате чудовиште. Звучи како фикција, но сепак ова беше реалноста за една жена од Вирал, Мерсисајд, Англија.
Кога влегла во бањата таа вреснала од шок кога пред неа лежела огромна змија. Боата од 2,5 метри се завиткала околу мијалникот и кадата. Од полицијата велат дека останале без коментар кога биле повикани и со свои очи виделе дека треба да се ослободат од еготичното животно.
Полицијата соопшти дека ниту жената ниту нејзините соседи не знаеле од каде дошла змијата, иако не се сметало дека боата не е отровна. Првин имале потешкотии да пронајдат личност која се справува со змии за да се ослободи од неа, а потоа повикале единица за вонредни ситуации.
Змијата била фатена и сместена на безбедно, во засолниште за миленичиња. Боа констриктор е член на семејството Боидае и е значително помала од братучедката анаконда. Иако е помала, може да достигне должина од 4 метри. Тие обично се наоѓаат во тропските предели на Централна и Јужна Америка и претпочитаат да останат на суво земјиште, живеејќи првенствено во шупливи трупци и напуштени живеалишта на цицачи. Кој знае како завршила во бањата во Англија.