Емили Ратајковски уште еднаш нѐ потсетува какво тело има во минијатурни бикини на одмор во Бразил
Емили Ратајковски позира во разни модели на бикини за време на нејзиниот престој во Рио де Жанеиро, Бразил.
34-годишната авторка на My Body ги воодушеви своите речиси 30 милиони следбеници на Инстаграм, споделувајќи серија фотографии во костими за капење.
Емили не беше сама – со неа беше нејзиниот син Слај, кој во март ќе наполни четири години.
Ова патување следи по нејзиниот неодамнешен одмор во Мексико, за кој исто така сподели фотографии.
Покрај тоа што е модел, Емили дизајнира костими за капење за својот бренд iNAMORATA и во 2021 година го објави бестселерот My Body. Од 2022 до 2023 година го водеше подкастот High/Low with Emrata.
По разводот со Себастијан Бер-МакКлард во 2022 година, таа беше поврзувана со неколку познати личности, вклучувајќи ги Хари Стајлс, Пит Дејвидсон и Шабузи. Според анонимен извор, сега можеби се гледа со актерот Остин Батлер.
Во минатогодишното гостување во подкастот Modern Love на New York Times, Емили зборуваше за својот љубовен живот, нагласувајќи дека не бара партнер.
„Ги средувам сите аспекти од животот – се грижам за синот, за домот, за работата, за финансиските обврски. Немам семејство што ме издржува,“ рече таа, додавајќи: „Често посакувам некој да се грижи за мене, но тешко ми е да замислам некој што ќе ги разбере моите потреби подобро од мене самата.“
Коментирај анонимно