Еве како изгледа кога љубовта повторно ќе се роди по 55 години брак
Дороти и Вејн се во брак 55 години и заедно се 57 години. И нивната станува само посилна. Вејн прв пат ја видел Дороти во паб и кога ја погледнал знаел дека таа е вистинската. „Ја видов Дороти како танцува со пријателката на крајот од ходникот и му спомнав на пријетелот до мене ‘Тоа е девојката со која ќе се оженам’ И 57 години подоцна… ние ја истуркавме секоја бура заедно и сѐ уште сме како нови.“, вели Вејн.
Фотографката Сујата Сетиа отпатувала од велика Британија во Перт, Австралија со оваа неверојатна венчаница и костум, за да помине два убави часа до Индискиот океан фотографирајќи ги овие две магични души.
Кога Дороти излегла од соблекувалната во оваа венчаница, очите на Вејн се запалиле како 1000 бајки и рекол: „Мило ми е што вечерва ќе ја носам оваа жена дома.“ Иако и двајцата биле „жива вода“ Сетиа раскажува како псотојано се смееле додека таа им се извинувала затоа што ќе треба да се фотографираат уште.
Вејн со насмевка на лицето додека ги бакнувал влажните образи на Дороти рекол: „О, не грижи се, можам да го правам ова цел ден.“ Вака барем знаеме дека вистинската љубов навистина постои.