Европската вселенска агенција објави две споредбени фотографии за да покаже колку се намали загадувањето во Европа заради коронавирусот

Европската вселенска агенција ги следи соединенијата во атмосферата кои се важни во разбирањето на климата и здравјето на луѓето. Меѓу тие соединенија е и Азот диоксид.

На фотографиите е прикажано нивото на штетниот Азот диоксид во воздухот над Европа, денес и во истиот период минатата година. Воздухот над Париз е за 54% почист, а Милано, Рим и други метрополи исто така забележаа над 50% намалување. Азот Диоксид во воздухот најмногу испуштаат автомобилите, камионите и фабриките.

Европската вселенска агенција работи на уште слични анализи за повеќе европски градови, каде што нивото на Азот диоксид варира драматично со времето, се вели во соопштението.