Фотографи ја опфатија јавноста од 2 перспективи и покажаа колку лесно можат медиумите да манипулираат со нас
Секој знае дека реалноста е субјективна. Нашата перцепција може да се промени во еден момент, во зависност од тоа колку и што точно знаеме. Но, двајца дански фотографи овој поим го однесоа на нова скала. Во време на тековната криза, клучно е одржувањето на безбедна дистанца.
Дури и ако земјите почнуваат да ги олеснуваат ограничувањата на карантинот, тоа не значи дека е готово. За да дознаеме дали луѓето се однесуваат како што треба или не ги користиме фотографиите кои ги гледаме на социјалните мрежи и медиумите. Но дали секогаш ова е сигурен извор?
Фотографите Олафур Стеинар и Филип Давали спроведоа експеримент за агенцијата за фотографии Ritzau Scanpix. Копенхагенските уметници направија фотографии од луѓето кои биле излезени тој ден. Но, тие користеле две различни перспективи. Фотографиите покажуваат неверојатна разлика во растојанието помеѓу овие луѓе и не прават да размислиме за работите што ги земаме здраво за готово.