Фраерот си прави по една тетоважа на самиот себе, секој ден, додека е во карантин

Крис Вудхед од Лондон си прави нова тетоважа секој ден додека е во изолација и една од нив е ехо кое кружи во нашите мисли: „Кога ќе заврши ова?“.

33-годишниот Крис одлучил да го приати овој предизвик за време на карантинот, но пред да одите да купите опрема за тетовирање имајте на ум дека Крис е всушност професионален тату-мајстор.

Уште пред да започне карантинот Крис имал многу тетоважи низ своето тело, а сега верува дека има повеќе од 1.000 низ целото тело. Тој е тетовиран од вратот до нозете и сега се опишува себеси како „сино сирење“.

Крис вели дека главната причина зад неговото секојдневно тетовирање е да се чувствува како тој сè уште да работи, а исто така да им даде на неговите денови одредена структура наместо „да грицка чипс и да гледа репризи од комедии.“

„Една од тетоважите која се издвојува е логото NHS на градниот кош. Нашата здравствена услуга долго време ја одржува нашата земја и конечно добиваат одредено признание – за жал, тоа е за време на глобална пандемија. Џо Егзотик ми е исто така личен фаворит.“, вели Крис.

Крис го започна своето патување во светот на тетовирањето на 19-годишна возраст, кога ја доби првата тетоважа од легендарниот британски уметник за тетоважи Данкан Х. Денес на 30-ти април Крис е на својата 45-та тетоважа од карантинот. Најновиот додаток е сирена на задниот дел од ногата.

За најболната тетоважа што си ја направил сам на себе вели дека е таа на долниот дел од стапалото и таа гласи: „Кога ќе заврши ова?“ Уметникот ја опишува оваа болка како „брутална“.