Француски пронаоѓач се претвори во човечки автомобил и се движеше неверојатни 125 км/ч
Ексцентричен француски пронаоѓач стана интернет хит за неговиот суперхеројски костим кој може да достигне брзина од 125 км/ч. Жан Блонду, познат и како Ролерман со децении го развива парчето оклопно тело опремено со 32 тркала на нозете, колената, грбот, стомакот и рацете.
И додека 49-годишниот доби на слава во родната Франција, кон крајот на 90-тите години, за уникатниот изум, наскоро забележи повторување на интересот.
Неговите видеа додека го вози „Буги Ролин“ низ ридовите само неколку сантиметри од земјата станаа популарни, особено во Кина. Пронаоѓачот, исто така, предизвикува огромни собири на гледачи при изведување на јавни акробации.
„Сакав да направам нешто што другите луѓе не го направиле.“, вели пронаоѓачот, кој започна да работи на неговиот костим кога беше на универзитет во Париз. Роден во 1970 година во алпскиот град Aix-les-Bains, Жан го дизајнирал својот прв костим како дипломски труд за индустриски дизајн.
Но, откако проучувал невроанатомија, што вклучува набудување на нервниот систем и истражување на астронаутите и акробатските изведувачи, тој изработил прототип за совршениот костим. Оттогаш тој има направено 20 генерации од овој суперхеројски костим и ги воодушевува луѓето каде и да се појави.