Го преживеал Шпанскиот грип: Најстариот маж во светот го прослави својот роденден
Боб Вајтон, најстариот маж во светот го прослави својот роденден. На неверојатни 112 години, Боб успеа да ја преживее историјата на пет монарси, 22 премиери, две светски војни, шпански грип и сипаници меѓу многу, многу други настани.
Тој ја презеде титулата на најстар човек во светот минатата година, по смртта на Читетсу Ватанабе од Јапонија. Неговиот совет за живеење долг, здрав живот? „Не јадам многу месо и пијам само кога сум на забава“.
Боб влегол во светот на 29 март 1908 година, во Хал. Кралот Едвард VII сè уште владеел си Велика Британија, додека мандатот на Херберт Аскит за премиер требал наскоро да започне.
Откако студирал машинство, Боб патувал низ светот, живеејќи во Тајван, Канада и САД пред да се врати во Англија во 1946 година со својата сопруга Агнес и трите деца. Тој исто така има 10 внуци и 25 правнуци. Оттука, тој зазел позиција како предавач на Градскиот универзитет во Лондон пред да се пензионира во 1973 година.
112-годишниот Боб бил сведок на голем број на големи настани низ историјата. На 28-годишна возраст, во 1936 година, тој ги читал насловите, како се зацврстува засиленото гледиште на германското население за Адолф Хитлер, кога тој добил 99% од гласовите на изборите во земјата.
Неговиот 65-ти роденден се совпаднал со заминувањето на последните американски војници од Јужен Виетнам. Само една година подоцна, Маринер 10 на НАСА стана првата сонда која помина покрај Меркур. Во 2002 година, како што Боб наполни 94 години, Израел ја започна операцијата Дефанзивен штит, најголемата воена операција во Западниот Брег од Шестдневната војна во 1967 година, по самоубиствен бомбашки напад во Нетања. 106-от роденден на Боб во 2014 година се совпадна со првите истополови бракови на Англија и Велс.
За неговата долговечност Боб вели: „Јас само го прифаќам како факт. Тоа не е нешто што некогаш сум го сакала, посакувал или работел на тоа, но тоа е само еден од оние факти во животот. Можеби ви е неверојатно, но тоа е само една од овие работи. Јас не сум го живеел животот избегнувајќи да бидам прегазен од автобуси или рак или нешто друго. Јас не сторив ништо за да ја заслужам или постигнам оваа возраст. Јас сум само еден од среќните.“
Поради коронавирусот роденденската прослава на Боб е ставена на чекање. Како и да е, вработените во Брендонаркет Алтон каде што живее сам во свој апартман, велат дека Боб имал релаксирачки ден разговарајќи со пријателите и семејството преку телефон и преку FaceTime.
Тој, исто така, ја има најдобро чуваната тајна за долговечноста: „Избегнувајте да умрете“.