Хуман полицаец реши да ја сподели паузата за ручек со бездомничка, откако прочита што ѝ пишува на маицата
Полицаецот Мајкл Риверс, од Северна Каролина, ја забележал жената како седела покрај патот додека бил на смена во полициското одделение Голдсборо.
Мајкл веќе 9 години работи како полицаец и за време на неговиот работен век се запознал со многу бездомници. Тој сепак не ја познавал оваа жена која подоцна му се претставила како Мишел.
Полицаецот во тој момент бил во својот автомобил кога ја забележал Мишел. Тој одлучил да ја поздрави со едноставно: „Хеј“. Риверс продолжил да вози, но маицата која ја носела Мишел му го привлекла вниманието и не можел да го извади од главата тој натпис. Мајкл одлучил дека треба да се врати и да ѝ прави малку друштво на жената.
На маицата на жената рачно била напишана реченицата: „Бездомник. Најбрз начин да се стане никој.“ Полицаецот се вратил и ја прашал жената: „Еј јадеше ли денес?“ Таа му одговорила дека не јадела и така полицаецот купил пица и одлучил заедно да ручаат и да разговараат.
Така тие поминале заедно 45 минути и разговарале за животните проблеми и што ја довело Мишел до оваа ситуација. Таа му раскажала дека има 12-годишна ќерка која се бори со заболувања на црниот дроб и живее во згрижувачко семејство, како и 23-годишен син. Сопругот на Мишел – кој исто така е бездомник, стоел од спротивната страна на улицата додека тие двајца разговарале.
Случаен минувач ги фотографирал и ја објавил фотографијата на социјалните мрежи за да покаже дека полицајците не се тука само за да им го „уништат денот на луѓето“ туку и да покажат емпатија и човечност, сепак и тие се само луѓе со свои проблеми и соништа.