Идентични близначки сакаат да забременат истовремено со заедничко момче

Идентичните близнаци се познати по тоа што имаат различни сличности, настрана од нивниот изглед секако, од завршувањето на меѓусебните реченици до споделувањето на физичката и емоционалната болка. Сепак, Ана и Луси Декинке, од Перт, Австралија, имаат многу повеќе. Сестрите, кои се опишуваат како „најидентични близнаци во светот“, буквално делат едно момче и изгледа дека работите стануваат прилично сериозни.

И двете жени сега бараат да забременат во исто време, со истиот маж. Ова би било сериозен проблем во скоро секое семејство, но 34-годишните Ана и Луси изгледаат прилично среќни со нивниот начин на живот. Близначките се девет години со нивното заедничко момче Бен Бирн (39) и инсистираат на тоа дека нема никаква љубомора во врската.

За разлика од другите момчиња кои ги имале, Бен, наводно, ја разбира нивната блиска, „опсесивна“ врска и ги третира и подеднакво. Тие спијат во еден огромен кревет сите заедно и кога ќе ја бакне едната ја бакнува и другата. Бен, опишан како „чувар“ од страна на сестрите, лесно може да ги препознае која е која, дури повеќе и од нивната мајка.

Ана и Луси прават сé заедно во исто време од јадење, до туширање па и користење на тоалетот. И сега тие се подготвуваат заедно да зачекорат во мајчинството. Тие сакаат да се обидат со инвитро за да можат и двете во исто време точно да забременат.