Калин Камен и Царев Врв станаа „жртви“ на несовесните луѓе, но за среќа постојат суштества како Берта
Во изминатиот период се зголеми бројот на луѓето во природата, но наместо повеќе да ја цениме за жал луѓето остваат многу поголем број отпадоци зад себе. Таква стана ситуацијата и на Калин Камен и Царев Врв на Осоговските Планини.
Од планинарското здружение „Зпск Калин Камен“ објавија на Фејсбук како кучето Берта е онаа што се грижи повеќе за природата од навидум „свесните“ луѓе.
„Кучево ги собира Вашите отпадоци на Калин Камен и Царев Врв, почитувани дами и господа!!! Можеби е време ѓубрето кое го оставате зад себе на планините да си го спакувате во ранец и да го фрлите во канта кај што и му е местото на секој отпадок!! #учиодживотните Културата се учи, не е вродена доблест.“, напишаа од планинарското друштво.
За среќа сѐ уште постојат луѓе кои ја сакаат природата на вистински начин па група планинари поминале повеќе од 10 часа во чистење на ѓубрето кои го оставиле несовесните луѓе.
Сѐ би било многу поедноставно ако на начинот на кој што ги имаме однесено работите да си ги вратиме назад и соодветно да се ослободиме од нив, никој не е должен да го „собира идиотизмот“ на другите.