Кинески лекар беше прогласен за херој откако му даде вештачко дишење на оснесвестен човек, додека коронавирусот владее низ земјата
Кинески лекар е фатен на камера како извршува реанимација, уста на уста, на онесвестен пензионер во продавница среде епидемија на коронавирус во земјата.
Д-р Луо Ксианке, веднаш ја тргнал маската од лицето за да ја спроведе процедурата откако маж во 80-тите години доживеал срцев удар, во Женгжу, Хенан, централна Кина.
Д-р Луо изјави за печатот дека не размислувал за потенцијалниот ризик од заразување со коронавирус. „Беше премногу итно. Единствено што размислував беше да дејствувам побрзо и побрзо “, изјави лекарот. Тој си пазарел во супермаркетот кога слушнал луѓе како врескаат дека човек се онесвестил.
Лекарот ја извадил маската од лицето без двоумење кога забележал дека човекот не покажува знаци на живот. Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот непосредно откако тој ги спровел процедурите за прва помош. Постариот маж бил пренесен во болница откако чукањето на срцето продолжило уше 15 минути.
Сепак за жал лекарите не успеале да го спасат човекот и тој починал во болницата. Д-р Луо бил прогласен за херој заради неговата несебичност и „верност“ кон професијата.