Компанија за медицински фетиш одлучи да придонесе во борбата со коронавирусот најдобро што може
Во овие тешки времиња може да се види како сосема различни гранки и заедници се здружуваат за општото добро.
Медицинските работници продолжуваат да работат на фронтот во борбата против коронавирусот и додека тие се вистинските херои, сите сакаат да направат нешто за да помогнат.
Здравствените работници не ја кријат својата загриженост во врска со очигледниот недостаток на медицински материјали, како што се маски, ракавици и униформи, толку очајно потребни за да го заштитат персоналот од КОВИД-19. Додека британската влада соопшти дека ваквите резерви се на пат, некои компании ги презеле работите во свои раце, формирајќи неверојатни сојузи.
Компанија за медицински фетиши откри дека донирала еднократни уиформи на болница во јужниот дел на Англија, со цел да им помогнат на медицинските лица да останат заштитени.
„Денес ја дониравме целата залиха на еднократни униформи на болница. Беа само неколку сета, затоа што немаме големи залихи, но тие беа очајни, па затоа им ги испративме бесплатно.“, велат од компанијата.
Од компанијата MedFetUK исто така додаваат дека тие не се хероите и направиле „нешто што требало да се направи“, а вистинските херои се медицинските лица.