Криминалец на денот: Мачка уапсена за шверц на хероин избегала од затвор

Ниту еден затвор не може да ја задржи оваа шверцерка на хероин. Во саботата, на 1 август, неименувана мачка била фатена од затворски службеници и задржана во затворот кој би требал да биде со „висока безбедност“ во Коломбо, Шри Ланка. Ова не било невино домашно милениче кое залутало. Околу вратот на мачката имало скоро два грама хероин, две СИМ-картички и мемориски чип во мала кесичка.

Во текот на изминатите неколку недели, било зголемено фрлање на предмети преку ѕидовите, без разлика дали станува збор за мали пакувања со дрога или мобилни телефони и полначи. Така што мачката била нов начин да се внесат нелегални работи во затворот.

Иако полицајците ја „уапсиле“ мачката таа успеала да избега од затворска просторија на 3 август. Иако изјавиле дека шверцерот им избегал од полицијата не сакаат да даваат други коментари.

Исто така, покрај мачката минатиот викенд, полицијата на Шри Ланка беше принудена да запре орел, кој, наводно, бил користен за трговија со дрога од страна на соработниците на починатиот крал на подземјето Ангода Лока. Белиот морски орел – за кој се вели дека може да носи тежина од 15 килограми – оттогаш е предаден на Националната зоолошка градина Дехивала по судски налог.