Луѓето ги споделуваат приказните за карантин и ја враќаат нашата вера во човештвото
Ќе ви биде простено ако мислите дека светот не е ништо друго освен несреќа и мрачност во моментот. Сè што треба да сторите е да погледнете на социјалните мрежи и да ги вклучите телевизорите за да видите како еден куп луѓе паничат за време на пандемијата.
Во сегментите во вестите се прикажани избезумени купувачи кои купуваат масовно тоалетна хартија и тестенини. А сепак, кога светот се чини дека сака да ни даде милион причини да се чувствуваме слабо, човештвото секогаш се појавува и ни дава причина да се насмееме.
Еве неколку приказни раскажани од луѓето кои носат добри и хумани вести:
„Пријатели ја откажаа Бар Мицвата на нивниот син овој викенд, но решија да го задржат договорот со нивниот угостител, мал бизнис во сопственост на Хмонг. Тие ја доставија храната до пријатели кои се во карантин и испратија тави дома на други. Благодарна сум за приказни како оваа и за заедништво во мрачно време.“
За повеќето од нас, нашата главна грижа е да сакаме да се осигураме дека старите лица меѓу нас се чуваат безбедни и се во можност нормално да функционираат, што се однесува до добивањето на намирници и основните, секојдневни артикли – задача која стана сè потешка.
Сепак, стотици нови групи за помош сега се појавуваат низ целиот свет – наречени „заедничка помош“. Волонтери им се нудат на постарите лица да пазарат за нив, да одат во пошта и слично.
На друго место, во Шкотска продавница им дава на луѓето бесплатна тоалетна хартија, антибактериски гел и парацетамол со цел луѓето да се заштитат. Сопственикот Захид Икбал (34) веќе подарил повеќе од 1.000 комплети и рече дека сака да „даде добар пример“, бидејќи полиците од продавниците останале голи од испаничените купувачи.
Доколку имате и вие некоја срцезатоплувачка приказна поврзана со овие тешки моменти, споделете ја со нас.