Мајка го спасила своето дете од челуста на крокодилот, така што се борела со него
30-годишната Маурина Музисинана ги земала своите два сина со себе кога таа и нејзината снаа тргнале на риболов во реката Рунд, во близина на националниот парк Гонарежоу во источен Зимбабве.
Мајката ги оставила своите деца да се играат под сенка на чадор на брегот на реката и стоела во близина кога снаата на Маурина одеднаш почнала да вреска.
Маурина ја фрлила опремата за риболов и се стрчала кон нејзините синови. Тогаш пред нејизните очи имало ужасна гетка. Чадорот лебдел во водата, а крокодил го влечел нејзиниот 3-годишен син Гедеон кон реката. Мајката не губела време за да го спаси своето чедо.
Таа се сетила на стар совет со старешина. Тој ѝ кажал дека за да се одбрани од крокодил треба да му ги стави прстите во носот и силно да притисне. Вака крокодилот ќе започне да се гуши и ќе ја отвори челуста. Така мајката сконала врз животното и ги ставила нејзините прсти во носот на крокодилот.
Со другата рака ја ослободувала главата на малиот Гедеон. Таа успеала да ја ослободи главата на детето, но крокодилот тогаш ја гризнал нејзината рака. Сепак таа упорно се борела и не ги тргала рацете од ноздрите на крокодилот и на крај излегла како победник.
Мајката и детето отишле во болница, каде што биле третирани нивните повреди и и двајцата се во добра здравствена состојба.