Мајката први весели и слатки новогодишни фотографии од нејзиниот 9-месечен син
34-годишната Хедер Сарџент Кронтиер од Јужна Дакота, САД, прави смешни фотографии од нејзиниот деветмесечен син Френки.
„Откако бев во карантин, поголемиот дел од оваа година, имав многу време да размислувам и да ми се разбуди креативноста“ – објаснува мајката.
„Сакав и мојот најстар син Чарли, кој има 9 години, исто така да се забавува, па и тој учествуваше околу правењето на фотографиите, а целта ни беше да ги расположиме луѓето малку после годината која ја преживеавме.“
Треба да се напомене дека мајката е фотошоп експерт и затоа некои акробации на бебето и не беа толку опасни како што изгледаат.




















