Мал италијански град има НУЛА случаи на коронавирус
Мал град во Италија успеа да спречи избувнување на коронавирусот, откако властите повеќе од еднаш го тестираа целото население.
На 3.300 граѓани на Во Евганео, на само 50км од Венеција им беа земени брисеви за да се направат тестови за присуство на COVID-19.
Секој кој што покажал позитивни резултати на коронавирус, веднаш бил ставен во карантин за да се спречи ширењето на болеста – дури и ако тие не покажувале симптоми – јавуваат локалните медиуми. Две недели подоцна, масовното тестирање покажало дека стапката на инфекција се намалила за 12 пати од три проценти од населението на само 0,25%.
Гувернерот на регионот Венето изјави дека градот Во Евганео сега е „најздравото место во Италија“, бидејќи остатокот од земјата се обидува да ја контролира епидемијата. Повеќе од 31.500 луѓе се дијагностицирани во Италија, а 2.500 починале, што ја прави најтешко погодената земја надвор од Кина.
Агресивната стратегија за тестирање на сите е одобрена од светските здравствени лидери како ветувачки начин за обид за спречување на епидемија. Сепак, тоа е спротивно на она што се случува во Велика Британија, каде властите имаат ограничено тестирање на оние кои се само тешко болни или веќе се во болница.
Во Евганео е во провинцијата Падова во италијанскиот регион Венето. Тој дојде во центарот на вниманието на 21 февруари кога 77-годишен жител стана првиот човек што почина од коронавирусот во Европа. Смртта на пензионираниот ѕидар Адриано Тревизан, предизвика страв на национално ниво.
Набргу потоа, властите ја спроведоа својата стратегија за масовно тестирање. Гувернерот на регионот Венето, вклучувајќи ја Венеција и Верона, им нареди на сите жители на градот да се тестираат двапати – прв пат пред да го затворат од остатокот на Италија и втор пат две недели подоцна.
На овој начин Во Евганео можеше да открие секој што го носеше вирусот во рана фаза и ги изолира. Придобивка од масовните тестирања е што службените лица се свесни колку е голема епидемијата и можат да го насочат своето внимание на истата.
Половина од оние кои го носеле вирусот во градот немале никакви симптоми, докажувајќи дека луѓето се способни да го шират смртоносниот вирус, дури и да не го знаат тоа. Откако овие неколку заразени лица биле изолирани, градот „повторно се отвори“ и оттогаш нема нови случаи. Во меѓувреме, кризата во остатокот од Италија секојдневно ескалира.