Маж ја изненади сопругата на 67-та годишнина од бракот додека таа останала изолирана во дом за стари лица

Еден маж од Конектикат пронајде срцезатоплувачки начин да ја прослави 67-тата годишнина од свадбата среде пандемијата на коронавирус. Боб и Ненси Шелар за прв пат по скоро 70 години ја прославиле годишнината разделени.

Обично, Боб ја посетува Ненси во нејзиниот дом за стари лица, но додека појавата на COVID-19 продолжува да расте, посетите се ограничени во обид да ги заштитат ранливите жители од заразување со вирусот.

Но Боб не сакаше ова да му ја уништи романтиката. Така тој дошол под прозорецот на неговата сопруга, купил балони и знак на кој пишува: „Те сакав 67 години и сè уште те сакам. Среќна годишнина.“ Симпатичниот гест беше примен од Ненси која му праќала бакнежи од прозорецот.

Лора, едно од трите деца на Боб и Нанси, откри дека таа и нејзините браќа и сестри ги гледаат своите родители како „инспирација“. Додека светот се бори со многу несреќи Боб и Ненси се доказ дека љубовта ќе претрпи сѐ.