Мексиканската полиција заплени „луксузно оружје“ од бандата „Жени со мустаќи“

Полицијата во Мексико заплени позлатено оружје и лажни дијаманти додека ја имале на мета бандата „Жени со мустаќи“.

За криминалниот картел има малку информации, иако полицијата знае дека тој работи во градот Техуакан, во централната мексиканска држава Пуебла и дека е одговорен за бројни убиства.

Тие успеале да го уапсат и наводниот лидер на бандата Виктор Иван Н, познат како Ел Јори. Иван Н е наводен шеф на бандата и според полицијата е одговорен за организирање грабеж, шверц на дрога и трговија со оружје. Осомничениот исто така е поврзан со неколку случаи на убиства.

За време на апсењето, полицијата запленила лесна полуавтоматска пушка АР-15, позлатена и покриена со лажни дијаманти. Некои корисници на социјални медиуми се изразија страв од оружјето откако фотографиите од светкавиот пиштол беа споделени на Интернет, при што една импресионирана личност пишува: „Леле изгледа како оружје од Call of Duty.“

Други луѓе почнале да прашуваат дали ќе има аукција за оружјето за да можат да го купат. Освен оружје полицијата запленила и 38 дози кристален мет.

Вакво слично позлатено оружје имала и Марија Гвадалупе Лопез Ескеивел односно Ла Катрина, женскиот лидер на озлогласениот мексикански картел Халиско.

Таа била застрелана и убиена од полицијата, а се верува дека застанала на челото на картелот на 21 година.