Најстрашниот педофил во светот заврши на суд под сомнежи дека силувал 349 деца, повеќе од 30 години
Пензиониран хирург, осомничен дека силувал или сексуално злоупотребувал 349 деца во текот на скоро три децении, заврши на судење зад затворени врати во Франција. Ова би можел да биде најголемиот скандал за педофилија во земјата. Судскиот процес во западниот град Сент е првиот од стотиците правни поплаки против обвинетиот Џоел Ле Скурнац. Судењето треба да трае до 17-ти март.
69-годишниот Ле Скурнац е обвинет во овој отворен случај за силување и сексуално малтретирање на четири деца помеѓу 1989 и 2017 година. Наводните жртви вклучуваат две од неговите роднини, пациент и тогашната шестгодишна ќерка на неговиот сосед. Бидејќи жртвите во тоа време биле малолетни, судот донел одлука судењето да биде зад затворени врати.
Ле Скурнац, специјалист за абдоминална хирургија, бил уапсен во 2017 година кога ќерката на неговиот сосед се пожалила на својата мајка дека старецот ѝ се соблекол и ја злоупотребил. Инспекторите соопштија дека од пребарувањето во домот на Ле Скурнац биле пронајдени фотографии од злоупотребувани деца, како и тетратки каде хирургот детализирал акти на сексуално насилство врз деца од 1989 до 2017 година.
Ле Скурнац им кажа на иследниците дека „веќе имал некаквиодноси со децата“. Сепак, тој негирал целосна сексуална пенетрација и рекол дека неговите дневници вклучуваат елемент на фантазијата. Иако доколку е точно тоа што го пишувал неговите жртви ќе се искачат на повеќе од 300.
Тој се соочува со затворска казна до 20 години ако биде осуден само за овие 4 отворени случаи. Во 2005 година, тој бил осуден за поседување материјал поврзан со педофилија, но му било дозволено да продолжи да работи до неговото апсење во 2017 година.