На овој фраер му кажале дека повеќе ќе им се допадне на жените ако користи филтри и тој ја сфати работата прилично сериозно

Запознавањето може да биде тешко и да се најде вистинска љубов е уште потешко. Дури и во 2020 година кога изгледа како да дошол крај на светот сѐ уште е тешко да се најде вистинската личност.

Глен Ембри е фраерот кој стана познат на Фејсбук, затоа што послуша совет од пријател.

На Глен некој му кажал дека повеќе ќе им се допадне на дамите ако користи филтри за своите фотографии. Но, Глен и не е некој „инфлуенсер“ за да се замара со избор на бои и апликации за разубавување. Затоа тој одлучи проблемот да го реши „машки“ и да ги искористи вистинските филтри… мислиме навистина филтри, од различни видови, за различни намени, освен секако намената за разубавување на фотографии.

Сепак колку ваквите филтри да не ги разубавуваат фотографиите Глен го доби она што го сакаше, внимание од дамите. Можеби не е „разубавен“, но барем дамите пред себе гледаат маж со смисла за хумор, кој се разбира од филтри и секако и не размислува за манипулација со фотографиите па ќе знаат со кого треба да се запознаат. Добар потег кога ќе размислиме подобро…