Необичен розов зајак се спаси од еутаназија и стана вистинска ѕвезда на Инстаграм
Касандра Хол од Викторија, Австралија, видела локален одгледувач кој рекламира мали зајаќиња на Фејсбук, а една работа веднаш ѝ го привлекла вниманието. Имало реченица под една од фотографиите на која пишувало: „Без влакна не е за продажба“. Таа веќе имала свој зајак, но одлучила да го контактира човекот. Касандра побарала да види повеќе фотографии од зајак без влакна, бидејќи никогаш претходно не видела таков. Одгледувачот ѝ ги пратил фотографиите и ѝ кажал дека може да го земе бесплатно.
Тој ѝ кажал дека зајаците без крзно не се продаваат и дека тој морал да го еутаницира претходниот таков зајак кој го имал. Касандра не можела да го дозволи тоа и наредниот ден отишла и го земала необичното суштетсво. Тој го добил името г-дин Биглсворт и изгледа како да е избоен розово.
Касандра почнала да објавува фотографии од него на Инстаграм за да се распраша за неговата состојба, но не очекувала дека за многу брзо време г-дин Биглсворт ќе добие многу следбеници и ќе стане ѕвезда. Таа добила одговори на своите прашања. Излегува, ако се два зајаци имаат ген ff, тие ќе произведат бебе без влакна во секое легло. Таков беше случајот со г-дин Биглсворт. Повеќето од овие зајаци не живеат повеќе од 4 недели. Сепак за среќа г-дин Биглсворт е во одлична здравствена состојба и на секои 6 месеци оди на посета на ветеринар.