Одмор во изолација? Оваа 100% соларна вила на вода нуди луксузно бегство за парови
COVID-19 сè уште е на слобода, но голем број на земји ги олеснуваат правилата за заклучување, овозможувајќи поголема слобода во начинот на кој ги живееме нашите животи.
Бидејќи првите авиокомпании исто така се враќаат на работа некои почнаа да се прашуваат дали сега е добро време повторно да започнат да ги организираат своите одмори. Сепак постои опција за патување која ќе ви помогне да се изолирате и на вашиот одмор.
Ве запознаваме со „Lilypad Palm Beach Villa“, луксузна вила на вода во Палм Бич, Нов Јужен Велс, Австралија. Вилата која функционира на соларна енергија нуди целосна изолација. Дизајниран од архитектот Чак Андерсон, неверојатната Лилипад е двокатна и 100% на соларна енергија. Куќата се вели дека е изградена со употреба на одржливи материјали со целосна почит кон морското опкружување.
Вилата доаѓа со опремена дневна соба со камин, комплетно опремена кујна, па дури и винарска визба. Горе е двокреветна спална соба со огромен кревет и спа бања. Надвор, областа на тремот служи како отворена тераса погодна за сончање, јадење и слично.
И покрај тоа што престојува во затворен простор, сопственикот може да има и активности на отворено бидејќи во вилата има педалинки, опрема за риболов, нуркање, чамец и слично. Вилата чини 1.000 долари за еден пар за една вечер.