Ова 10-годишно момче сака да биде тату уметник кога ќе порасне и затоа вежба секој ден

Кога бевме деца, повеќето од нас сакаа да бидат актери, наставници, пожарникари и астронаути. Сепак, времињата се менуваат и некои уникатни аспирации се развиваат со нови генерации. Ова 10-годишно момче сонува да стане тату уметник (и специјалист за шминка за специјални ефекти, како и актер) кога ќе порасне. И Томас дефинитивно работи кон остварување на неговиот сон.

Мајката на Томас, Кејти Еклунд, сподели дел од делата на момчето на Фејсбук, каде што станаа многу популарни. 10-годишниот Томас Спринг е најмалото дете од неговите 5 браќа и сестри и неговиот прекар е Буба. Тој потекнува од уметничко семејство бидејќи неговиот татко е тапанар во метал бенд, мајка му е фотограф и уметник, а неговиот очув е инженер и правел тетоважи во минатото.

Момчето од Мичиген, САД, има огромна страст и желба за уметноста и иако сѐ уште не може навистина да прави тетоважи напорно вежба до моментот кога ќе може да се изреализира во професијата. Луѓето навистина се воодушевени од талентот на малиот Буба.