Ова е Македонецот од Австралија кој донираше 28.000 долари за малиот Јаков

Малиот Јаков од Кочани наместо да се радува како секое мало детенце имаше тежок почеток во животот. Откако поминал две операции потребно е лекување во Истамбул, Турција кое родителите не можат да си го дозволат. Беа покренати повеќе акции по социјалните мрежи за малиот Јаков, но еден човек се издвои по својата великодушност.

Овој човек е Џим Ристевски, австралијанец со македонски корени, кој за неполни два дена успеал да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари, за хемотерапија и лечење на двегодишниот Јаков.

Ова не му е прв пат на Ристевски кој е голем филантроп и веќе по трет пат ѝ помага на земјата од каде што потекнуваат неговите корени. Во 2016 година тој собрал 10.000 долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка кој го изгуби семејството во поплавата на обиколницата во Скопје. Исто така и минатата година заедно со неговата ќерка организирале собирање на донации.

Ристевски кој е татко на три дечиња и самиот вели дека како родител не можел, а да не му помогне на малиот Јаков.

Со неговата ќерка Медисон, која исто така се занимава со хуманитарна работа.