Ова го има само во русија: Пијаниот решил да ја учи жената да вози и завршиле со најголемиот можен кикс
Еден многу пијан жител на градот Тајга, кој патем нема возачка, решил да ја научи својата сопруга да вози автомобил. Среќното семејство го ставило малиот син на задното седиште и тргнале низ градот.
Поради фактот дека пијаниот сопруг се покажал како катастрофално лош учител, а неговата сопруга била уште полош возач, не можела да се избегне несреќа. И за да биде приказната комплетна, жената не удрила во ограда, ниту во дрво, ниту во бандера… туку директно во полициската станица.
Нивниот кутар син со солзи ги молеше полицајците „да не ги носат во затвор неговите родители“. Очевидци изјавиле дека за малку ќе згазеле и некој пешак, но за среќа нема жртви или посериозно повредени.