Оваа среќна жена се збогати на необичен начин, седејќи и досадувајќи се дома во карантин

48-годишната Британка Аманда Џонстон од Портсмут, како и милиони други луѓе во светот се досадувала дома. Долго време си барала себеси интересно хоби и одеднаш се сетила на детекторот за метал што му го подарила на својот најмлад син за Нова Година.

Аманда се вооружала со металниот детектор и излегла во потрага по богатство во нејзината градина зад куќата. Првиот ден нашла само неколку стари шајки, но следниот ден ја чекало големо изненадување.

Аманда не сакала да го расипе својот уреден тревник, но кога нејзиниот метален детектор започнал да сигнализира, таа ископала малку земја.

Жната извадила златна паричка со дијаметар од 29 мм и тежина од 5 грама. Монетата била од 15 век, од времето на Хенри VII, а чини околу 180.000 денари.

Монетата е во изненадувачки добра состојба, па сега Аманда не може да дочека да заврши карантинот, за да може да си ги добие парите.