Овие специјално тренирани кучиња-херои спасиле 45 носорози од ловокрадците

Група кучиња обучени за заштита на животинскиот свет успешно спасиле 45 носорози од ловокрадците. Со седиште во Јужна Африка, групата кучиња се движат од расата Биглс па до Бладхаунд и започнуваат со обуката како мали кученца. Кучињата се дел од единицата за брза реакција К9 и беа обучени на колеџот за животински свет во Јужна Африка од страна на експертот Јохан ван Штратен.

Јужна Африка има 80% од светското население во носорози, така што не може да има подобро место за имплементирање на оваа иновативна идеја.

„Податоците што ги собираме за овој применлив проект за учење насочени кон добивање на најдобрите практики, покажуваат дека спречивме да бидат убиени приближно 45 носорози откако кучињата за слободно следење започнаа со работа во февруари 2018 година. Упехот на кучињата е околу 68% користејќи врзани и пуштени кучиња.“, вели Јохан.

Тој додава дека кучињата се многу побрзи и поефикасни од луѓето во следењето. Во зависност од расата, се смета дека чувството за мирис на кучето може да биде 1.000 до 10,000,000 пати подобро од луѓето „и тие можат да слушнат четири пати подалеку од човекот.“

Јохан вели: „Проектот помага да се обезбеди опстанокот на богатата биолошка разновидност на Јужна Африка и нејзиниот животински свет, вклучувајќи ги и носорозите, кои беа сериозно погодени од криминалот на животинскиот свет.“

Во изминатата деценија над 8000 носорози за жал беа жртви на ловокрадство со тоа што Јужна Африка е една од најтешко погодените земји.