Овој човек бил уапсен затоа што сакал да ја депонира најнеобичната работа во банка

Во банка можеме да депонираме пари, злато, накит и други скапоцености кои сакаме да ни бидат на безбедно. Па, сѐ зависи од тоа што подразбираме под „наши скапоцености“.

34-годишниот Дејвид Пангало од Колорадо си има своја перцепција за скапоцености па ни помалку ни повеќе заедно со пари во банката сакал да си депонира и две кеси кокаин.

Откако вработените од банката повикале полиција Дејвид почнал да се правда дека „не сакал намерно да го депонира кокаинот“. Најверојатно очекувал дека полицајците ќе му се смилуваат ако сфатат дека „случајно“ си ги депонирал двете кеси кокаин, но згрешил.

File photo dated 18/09/19 of a mock-up picture of cocaine. According to a new report the number of drug poisoning cases handled by hospitals in England has risen for the third year in a row.

Освен што завршил во затвор и во неговиот автомобил била пронајдена дрога. Сѐ уште не се знае каква казна ќе му донесе судењето на Дејвид, но наредниот пат сигурно ќе пронајде поедноставен начин да си ја сокрие дрогата.