Овој човек од Колорадо освои џекпот од 1 милион долари, ДВАПАТИ во еден ден

Да добиете на лото еднаш во животот е прилично неверојатно и ретко, но да добиете на лото двапати во еден ист ден е веќе чудо. Еден човек во Колорадо, кој се претставува како „Џо Б“ ги играл истите броеви веќе цели 30 години пред успешно да го погоди џекпотот.

Сепак откако сфатил дека првото ливче му е добитно Џо решил од среќа да си купи уште едно ливче. Тој воопшто не очекувал дека и новото ливче купено од локалната продавница ќе му донесе уште еден Powerball џекпот. Иако тој дознал дека освоил два џекпота на 25 март сепак чекал до 24 април за да си ја подигне добивката.

Џо успеа да си ги земе своите пари и покрај тековната здравствена криза, бидејќи државата Колорадо воспостави услуга за добивки од билети во износ од над 10.000 американски долари. Победниците треба да закажат состанок однапред. Кога го прашале на што ќе ги потроши неговите пари Џо им кажал: „Шефот има планови за нив.“

Очигледно луѓето во Колорадо имаат многу среќа бидејќи на 22-ри април уште еден човек од градот освоил џекпот од 2 милиони долари, а истиот ден било продадено и добитно ливче од 1 милион долари.