Овој човек патува 14 часа со брод секоја недела за да го нахрани целиот град
Тошуа Паркер е сопственик на „Icy Strait Wholesale“ маркетот во Густавус и патува неделно со брод до Џуно, Алјаска, оддалечен 80 километри за да ја набави потребната храна и потрошен материјал од Костко.
На Тошуа и на неговиот персонал им се потребни 14 часа за да го направат патувањето со стар воен брод со должина од 96 метри.
Густавус, кој граничи со Националниот парк Глечер Беј, е составен од само 450 жители – а единственото место за купување храна е супермаркетот на Тошуа, кој од локалното население го носи прекарот ToshCo. Обично, Тошуа може да се потпре на својата храна и набавки со испорака од Костко на фериботскиот систем на државата. Сепак, овие патувања веќе не се одвиваат како резултат на невремињата и пандемијата.
Така за да обезбеди храна за својата заедница Тошуа одлучил да ги преземе работите во свои раце. „Смешно е затоа што за нас, ова не изгледа како голема работа. Жителите од Алјаска се жестоко независни и снаодливи; навистина мора да бидете за да преживеете. Значи, кога се појавува проблем, обично не бараме помош од некој друг, само наоѓаме начин да го сториме тоа.“
Со помош на своите вработени и локалните рибари, Тошуа ги прави патувањата еднаш неделно од март организирајќи ги околу времето и плимата и осеката. Иако се чини дека жртвуваат само време сепак неколку пати им се случувало да заглават во бури и да бидат приморани да се вратат на Џуно и да чекаат додека да биде безбедно за да се упатат кон дома.
Тошуа го пофали својот персонал затоа што се грижи за своите сограѓани за време на пандемијата, одавајќи дека неговиот град секогаш ќе најде средства за преживување. „Градот требаше да биде снабден со намирници, така што едноставно направивме се што е потребно за да се случи тоа. Само уште еден ден во нашиот свет.“, вели тој.