Падобранци паднаа од над 3.000 метри, но среќата и животот биле на нивна страна

Луѓето можеле само да гледаат со ужас како двајца падобранци паѓаат кон земјата поради неисправност на падобранот. Кошмарот се случил во Титусвил, Флорида. Двајцата мажи, инструктор по падобранство и ученик, тие скокнале во тандем, но набрзо почнале да паѓаат.

Луѓето првин помислиле дека станува збор за некоја каскадерска точка, но наскоро сфатиле дека работата е сериозна. Падобранците паднале на дрво во двор и веднаш биле префрлени во болница со хеликоптер. Додека чекале да дојде брзата помош двајцата мажи биле во свесна состојба.

Грег Нарди сопственик на центарот за падобранство вели дека дополнително ќе го истражуваат случајот за тоа како дошло до несреќата. Жртвите успеале да кажат само дека имале проблем со падобранот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!