Полицајци вооружени до заби и хеликоптер биле ангажирани за да совладаат „ѕвер“
Се гленала голема паника во едно село во околината на Кент. Некои селани забележале тигар како одмара на ливада, па веднаш била повикана полицијата. 10 полицајци вооружени до заби и хеликоптер биле ангажирани во „совладувањето“ на тигарот. Но, откако се доближиле до него сфатиле што се случува.
Опасниот тигар, всушност е скулптура направена од уметницата Џулиет Симпсон. Таа штом ги слушнала вестите веднаш тргнала кон полицајците за да не ѝ го „убијат“ тигарот.
85-годишната баба вели дека ѝ се јавил нејзиниот син за да ѝ каже дека кон нејзината куќа се движат 10-тина вооружени полицајци, а понатаму не можела да го слушне затоа што сфатила дека има и хеликоптер над нејзината куќа.
Скулптурата е всушност дел од локалното шумско подрачје во последните 20 години, иако сега изгледа „прилично истрошено“. „Изгледа многу реално, со намера да изгледа реално и е оддалечена на 30 метри од патот, за да не можете да ја видите одблизу“, вели Џулиет. Очигледно успешно измамила и исплашила некои луѓе кои не слушнале за скулптурата.
Таа првично планирала да го продаде тигарот откако го изработила, но откако го ставила во шумата чувствувала дека припаѓа таму. Полицијата останала со Џулиет околу 20 минути и ѝ ја фалеле скулптурата и нејзината реалистичност.