„Поради коронавирусот бев глува“: 20-годишна девојка раскажува за необичните симптоми кои ги доживеала од опасниот вирус

Една Американка која била заразена со „Ковид-19“ во Италија, вели дека вирусот направил да оглуви, покрај тоа што го изгубила чувството за вкус и мирис. Џулија Баскаглија со застрашувачки детали раскажа како доживеала различни, дополнителни симптоми на треска и сува кашлица.

20-годишната девојка е студентка на Универзитетот во Бафало која се преселила во Фиренца во јануари, таа вели дека имала „мокра кашлица“ и ги „немала симптомите за кои сите предупредувале“.

Џилија вели дека таа се шокирала откако дознала дека е позитивна. Девојката направила еден вид на дневник во кој ги раскажува деновите и фазите низ кои поминувала. Таа решила да ја сподели приказната откако забележала дека има многу различни симптоми. Хоророт започнал додека сѐ уште била во Италија.

„29-ти февруари: Се разбудив во агонија. Главата ме болеше, ушите ми тропаа и чувствував како грлото да ми е запалено. Телото ме болеше и и имав морници и температура од 39 степени целзиусови. Ги земал антиинфламаторните лекови од масичката и останав во кревет цел ден.“, објаснува таа.

На 1-ви март Џулија се чувствувала подобро, но решила да посети лекар поради ситуацијата во Италија. Лекарот ѝ рекол дека има настинка и таа продолжила со секојдневните обврски. Тогаш го изгубила слухот во левото уво. Но, она што било необично е дека таа воопшто не кашлала.

До 3 март, нејзиниот последен ден во Италија, Џулија вели дека сѐ уше не можела да слуша. „Во овој момент ја изгубив целата способност за вкус и мирис, но сепак не ми течеше носот и немав кашлица.“, вели таа. „Имав главоболка постојано во текот на денот, што само се лекував со Тиленол. Заминав следното утро да се вратам во Америка.“, додава студентката.

До 5 март таа се вратила во САД и се ставила во самоизолација. Таа вели дека најмногу се исплашила кога никој ниту ја проверил ниту пак ја прашал од каде се враќа. Таа самата инсистирала да биде во самоизолација, каде што и била од 5-ти до 13-ти март и имала контакт само со 2 лица.

Таа вели дека имала само „мокра кашлица“ а слухот и чувствата за вкус и мирис ѝ се вратиле. На 13-ти март била тестирана затоа што нејзин роднина работи како лекар и сакал да биде сигурен. На 14-ти март девојката вели дека имала само повремена кашлица и ниту еден друг симптом, но резултатите велеле дека е позитивна на КОВИД-19.

Девојката вели дека ќе остане во самоизолација додека повторно не ја тестираат и не се покаже дека го нема вирусот таа исто така додава дека моментално е сосема здрава и не чувствува ништо, но можеби е носител и не сака да ризикува. Таа ги советува сите луѓе да останат во своите домови, затоа што вирусот е непредвидлив и може да се случи да не бидеме свесни дека го имаме.