Познатиот актер, Џеред Лето не знаел што се случува со светот поради коронавирусот, затоа што бил на необично патување

Скоро е невозможно да се избегнат вестите за коронавирусот, каде и да живеете со каква и технологија да располагате ќе слушнете за пандемијата, па дури имале и само радио.

Но, доколку намерно сакате да се изолирате и потоа да се вратите во реалноста можете прилично да се шокирате. Токму ова му се случило на познатиот актер и музичар Џеред Лето.

Фронтменот на „30 Seconds To Mars“ безгрижно си медитирал скоро две недели во пустина без било каков вид на технологија и средства за комуникација, а кога се вратил се изненадил од хаосот кој го пречекал.

Џеред вели: „Вау. Пред 12 дена започнав тивка медитација во пустината. Бевме тотално изолирани. Без телефон, без комуникација итн. Немавме идеја што се случува надвор од објектот. Вчера излегов во еден поинаков свет. Оној кој е променет засекогаш. Шокирачко е најмалку што имам да кажам. Јас добивам пораки од пријатели и семејството од целиот свет и се обидувам да надоместам со случувањата. Се надевам дека и вашите се добро. Испраќам позитивна енергија до сите вас. Останете внатре. Останете безбедни.“

Повлекувањето на Лето можеби е мудро (самоизолацијата навистина не е подобра од медитирањето во пустината) – другите актери немаа толку среќа. Идрис Елба објави дека е позитивен на вирусот иако немал симптоми.